Од Бондстил не се лансирани ракети кон Иран, тврди КФОР
2026-03-06 - 07:57
НАТО и КФОР ги отфрлија тврдењата што се шират на социјалните мрежи дека ракети кон Иран биле лансирани од базата Бондстил во Косово.Оттаму тврдат дека Алијансата не е вклучена во тековната воздушна кампања против Иран. „Ова тврдење е лажно и ние целосно го отфрламе“, изјави претставникот на НАТО во соопштението. Кампот Бондстил е оперативен штаб на КФОР и се наоѓа во близина на Урошевац, на југоистокот од Косово. Источната регионална команда е предводена од американската армија и е поддржана од војници од Грција, Италија, Финска, Унгарија, Полска, Словенија, Швајцарија и Турција. Трамп: Иранските ракети во голема мера се уништени
Share this post: