„Волстрит џурнал“: Саудиска Арабија и ОАЕ се поблиску до влегување во војната против Иран
2026-03-24 - 13:54
Западите медиуми пишуваат дека две блискоисточни земји би можеле да влезат во војна против Иран. Како што објави „Волстрит џурнал“, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ја разгледуваат можноста да се приклучат на воената кампања на САД и Израел против Иран. Новинар од Оман: Трамп издаде ултиматум до земјите од Заливот да платат за војната против Иран Според изданието, по нападот врз главниот град на СаудискаАрабија, Ријад и неговата нафтена инфраструктура, позициите на земјите се промениле: Саудиска Арабија е подготвена да ги обезбеди базите кои би биле „отскочна штица“ за нападот врз Иран, а ОАЕ го зголемува притисокот врз иранските средства и размислува за испраќање војници.
Share this post: