TheNorthmacedoniaTime

МНР формира кризен штаб за следење на состојбата на Блискиот Исток

2026-02-28 - 16:06

Согласно последниот развој на безбедносната состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека во рамки на институцијата е формиран кризен штаб кој континуирано ја следи состојбата и е достапен 24 часа дневно за сите потреби поврзани со помош, поддршка и асистенција на македонските државјани. Министерството апелира до сите македонски државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја внимателно да ги следат официјалните известувања на надлежните институции и строго да постапуваат согласно безбедносните протоколи. Воедно, се препорачува одложување на сите ненeопходни патувања кон земјите од овој регион сè до подобрување на безбедносната состојба.

Share this post: