„Страшната“ Данска лесно против Германија
2026-01-26 - 21:41
Ракометарите на Данска се пробија на првата позиција во групата 1 од Главната фаза на Европското првенство откако вечерва ја совладаа Германија со 31:26. Со оваа победа Данска е првиот полуфиналист бидејќи конкурентите во групата не се во можност да ги надминат особено што во последното коло од групата меѓу себе играат Германија – Франција. Во дербито на групата Данска имаше предност во првиот дел, а по 13:13 на стартот од вториот дел до средината на данските ракометари направија серија од 10-3 за водство од 23:16 што беше најава за победата. Матијас Гидсел и Симон Питлик со по 8 голови беа најефикасни на дуелот, а играч на натпреварот беше голманот Емил Нилсен, кој имаше 14 одбрани. На другите два дуела од денешната програма: Португалија – Норвешка 35:35 и Шпанија – Франција 36:32. Данска е прва на табелата со 6 бодови, колку што има и Германија, Франција има 4, Португалија и Норвешка по 3, а Шпанија 2. Во последното коло од групата во среда играат: Шпанија – Португалија, Франција – Германија и Данска – Норвешка. Утре на програмата се дуелите од група 2, а двојките се: Швајцарија – Исланд, Хрватска – Словенија и Шведска – Унгарија.