Фредериксен: Русија не сака мир со Европа
2026-01-28 - 11:33
Русија не сака мир со Европа, предупреди премиерката на Данска, Мете Фредериксен и во исто време повика на единство меѓу ЕУ и САД, пренесува „Гардијан“. Говорејќи пред студенти, Фредериксен предупреди дека „Русија не сака мир со Европа“ и ги повика Европа и САД да „останат заедно“. Коментирајќи ги неодамнешните тензии со САД околу Гренланд, таа рече дека двете страни делат загриженост за безбедноста на Арктикот и дека „ќе се обидат да најдат начин за понатамошна соработка со САД“. Политичкиот претставник Ерик Јенсен Нилсен исто така зборуваше за влијанието што конфронтацијата со САД го имала врз локалното население. „Се обидуваме да се спротивставиме на надворешниот притисок и истовремено да се грижиме за нашите луѓе кои се исплашени“, рече тој.