TheNorthmacedoniaTime

Трамп: Се водат многу добри разговори во врска со Русија и Украина, нешто може да се случи

2026-02-07 - 09:38

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека се водат „многу добри разговори“ во врска со војната меѓу Русија и Украина, наведувајќи дека како резултат на преговорите „нешто може да се случи“, без да даде дополнителни детали. „Многу, многу добри разговори, во врска со Русија и Украина. Нешто може да се случи“, им рече Трамп на новинарите. Медиумите вчера објавија повикувајќи се на извори, дека американските и украинските преговарачи разговарале за целта Русија и Украина да постигнат мировен договор до март, иако, според извори запознаени со разговорите, веројатно е дека овој рок ќе биде пропуштен поради несогласувања околу клучното прашање за територијата. Според истите извори, Соединетите Американски Држави и Украина разговарале и за можноста за одржување референдум и избори во мај. Специјалниот претставник на Трамп, Стив Виткоф, во четвртокот изјави дека делегациите од САД, Украина и Русија постигнале договор за размена на 314 воени заробеници.

Share this post: