Денвер губи и со Јокиќ во тимот
2026-02-02 - 08:39
– Оклахома Сити го победи Денвер сити со 121:111 ноќеска на гостински терен во натпревар од НБА-лигата. Плејмејкерот на Тандер, Шеј Гилџус-Александар, беше најдобар на теренот со дабл-дабл од 34 поени и 13 асистенции. Оклахома Сити ја забележа својата 39. победа, има 11 порази и е лидер на табелата во Западната конференција. Денвер со 33 победи и 17 порази е на третото место. Резултати на другите натпревари од најсилната кошаркарска лига на светот играни ноќта недела кон понеделник: Детроит – Бруклин 130:77 Мајами – Чикаго 134:91 Торонто – Јута 107:100 Вашингтон – Сакраменто 116:112 Њујорк – ЛА Лејкерс 112:100 Феникс – ЛА Клиперс 93:117 Портланд – Кливленд 111:130 Сан Антомио – Орландо 112:103.
Share this post: