TheNorthmacedoniaTime

Експлозии на меѓународниот аеродром во Техеран

2026-03-07 - 07:57

Неколку експлозии одекнале утрово во близина на меѓународниот аеродром Мехераб во Техеран, објави иранската новинска агенција Тасним. Инфраструктурата на аеродромот веќе беше погодена во американско-израелските напади во изминатите денови. Израелската војска најави „нов бран големи воздушни напади“ врз цели во Техеран, каде што голем број луѓе се собраа во петокот на првата молитва по смртта на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи. Американско-израелските напади почнаа точно пред една недела, а на првиот ден од нападите, на 28 февруари, Хамнеи беше убиен.

Share this post: