TheNorthmacedoniaTime

Николоски: Имаме цел да создадеме услови за отворање на истражувачки центри во Македонија

2026-03-21 - 13:03

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, во гостувањето во емисијата „Стадион“ на Канал 77, истакна дека цел на владата е да ги задржи странските инвестиции на сегашното ниво и да го отвори патот на истражувачки центри кои ќе отвараат високоплатени работни места. Мислам дека ние ќе ги стабилизираме странските инвестиции на ова ниво, од неколку причини. Првата причина е, за да било кој инвеститор инвестира надвор од сопствената држава, треба сопствената држава да има раст. ЕУ од каде што доаѓаат најголем број од инвестициите, заради војната во Украина, веќе години наназад има рецесија, и компаниите главно се затвораат внатре. Второ, автомобилската индустрија, која што е главен двигател на инвестициите во Македонија, во ЕУ е во криза. И третиот фактор е, во 2006 година, кога ние ја почнавме политиката на странски директни инвестиции, невработеноста беше речиси 40%. Денес, скоро и да нема невработен во државата, и нормално е дека апетитот за инвестирање не може да е ист. Сега наша задача е да ги одржуваме и да носиме инвеститори кои што ќе отвараат истражувачки центри, и кои што ќе даваат добро платени работни места. Тоа е следната фаза кон која се стремиме“, истакна вицепремиерот Николоски.

Share this post: