Орбан: Унгарија ќе одлучи што да прави со парите запленети од украинските блиндирани возила
2026-03-08 - 19:18
Унгарсиот премиер Виктор Орбан, порача дека Унгарија ќе одлучи што да прави со парите запленети од украинските блиндирани возила кошто пренесуваа милиони евра и долари во кеш, како и злато, од Австрија за Украина. Запленетите пари засега ќе останат во Унгарија додека не се разјасни нивното потекло и сопственост“, изјави Орбан. Седумте украински државјани, меѓу кои има и поранешен генерал на украинското разузнавање, се приведени поради вмешаност во шема за перење пари. Унгарија запленила две возила кои пренесувале милиони евра, долари и злато од Австрија во Украина Унгарските власти претходно соопштија дека седум украински државјани се уапсени под сомнение за перење пари. Тие транспортирале околу 40 милиони долари, 35 милиони евра и девет килограми злато од Австрија во Украина.