Изложбата „Допирот на уметноста од Битола” во Македонскиот КИЦ во Тирана
2026-02-13 - 08:59
Во Македонскиот културен центар во Тирана следува тактилнаѕа изложба “Допирот на уметноста од Битола”, информира директорката на Македонсиот КИЦ во Тирана, Ема Попивода. НУ “Завод и Музеј Битола” прикажува 12 тактилни предмети кои се соодветни технички опремени. Посетителите ќе имаат можност да ја доживеат изложбата преку допир, како и преку снимени аудио приказни. Оваа изложба има за цел да ги доближи богатото македонско културно наследство до лицата со оштетен вид, како и до широката јавност.
Share this post: