TheNorthmacedoniaTime

Отворен ден со Царинската управа во Куманово

2026-03-25 - 08:54

По повод одбележување на 14 Април – Денот на Царинската управа, ќе се одржат настани „Отворен ден со Царинската управа“. Првиот настан ќе се одржи утре, 25.3.2026 година, на градскиот Плоштад во Куманово, со почеток во 10:00 часот, и ќе трае до 13:00 часот, информираа од Царинската управа. Посетителите во рамки на програмата ќе имаат можност одблизу да се запознаат со различните задачи кои ги извршуваат нашите мобилни царински тимови, како и опремата што ја користат во рамки на секојдневната работа. Различната програма опфаќа демонстрирање на вештините на царинските кучиња, како и претставување на специјализираната опрема, вклучувајќи скенер за товарни возила, којашто се користи за откривање стоки кои се предмет на криумчарење. Целта на настаните е да ја приближиме Царинската управа до граѓаните и да ја подигнеме свеста за улогата што ја имаме во заштитата на економијата и безбедноста на државата.

Share this post: