TheNorthmacedoniaTime

„Сентиментална вредност“ и „Бумбаровото лето“ викендов во Кинотека

2026-03-19 - 10:32

Викендов во Кинотека ќе бидат прикажни филмовите „Сентиментална вредност“ во режија на Јоаким Триер и „Бумбаровото лето“ од Даниел Кушан. Од Кинотека потсетуваат дека в петок, на 20 март, поради државниот празник Рамазан Бајран, нема да работат. Норвешкиот „Сентиментална вредност“ кој доби Оскар за најдобар странски филм на последната церемонија на доделување на наградите ќе биде прикажан во четврток и сабота од 20 часот. Филмот е интимна и емотивна приказна за татко и две ќерки кои повторно се среќаваат по години емоционална дистанца. Преку тивки моменти и недоречени разговори, филмот истражува вина, љубов и потребата од простување. Суптилна и меланхолична медитација за семејните врски. „Бумбаровото лето“ на режисерот Кушан (земји: Хрватска, Србија, Македонија) ќе биде прикажан в сабота, на 21 март од 18 часот. Еден блесок од небото и таинствен светилник го претвораат обичното лето во незаборавна авантура што ќе ги промени пријателите засекогаш, велат од Кинотека во најавата за филмот.

Share this post: