TheNorthmacedoniaTime

Српското дуо Башановиќ-Шчекиќ им дели лоши лекции на Зав и Филипче за поскапувањата на горивата

2026-03-24 - 09:44

Српското дуо Башановиќ-Шчекиќ со лоши лекции за дуото Филипче-Заев. Горивата ќе поскапеа за 10.5 денари за дизел и 6 денари за безоловен бензин да не беше реакцијата на Владата. Ефектот од мерката е заштеда за граѓаните од 200 илјади евра секој ден, напоменуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Кој е Зоран Башановиќ: Советник на Заев за 1.500 евра месечно, поранешен партнер на фолк пејачката Драгана Мирковиќ Тезата на СДС дека сепак поскапеле горивата и нема ефект од мерките на Владата не само што не е точна, туку говори и за принципот по кој се води Социјалдемократскиот сојуз, а тоа е колку полошо за државата толку подобро за Венко и Заев. Нескриена е радоста на СДС поради зголемувањето на цените на бензините што е директна последица на воениот конфликт на Блискиот Исток. СДС и во овој случај одбра да биде неконструктивна опозиција.

Share this post: