TheNorthmacedoniaTime

Велигденски концерт на Националниот ансамбл „Танец“

2026-03-05 - 11:58

Подгответе се за незаборавно патување низ времето, каде традицијата се среќава со современиот израз!, информираат од „Танец“. Националниот ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“, ве поканува на својот традиционален Велигденски концерт, со насловот „Велигденско празнување“ кој оваа година носи посебна порака и енергија поврзано со моќното мотото на новата концертна сезона „Пулсот на предците во ритамот на денешницата“ „Танец“ ќе претстави програма која е мост помеѓу вековното наследство и модерниот сензибилитет. Очекувајте Безвременски кореографии, моќни гласови на хорот и солистите, раскош на македонските народни носии, секоја со своја приказна и вез, концерт кој го слави животот и воскреснувањето на традицијата во новото време. Датум: 08.04.2026 година ( среда ) Место: Македонски народен театар, Скопје Почеток: 20:00 часот

Share this post: