ЕУ го одложува законот за целосна забрана за увоз на руска нафта поради енергетската криза
2026-03-27 - 07:13
ЕУ го одложува законот за целосна забрана за увоз на руска нафта поради енергентската криза предизвикана од американско-израелската војна против Иран. Европската комисија нема да поднесе законски предлог за трајна забрана за увоз на руска нафта до 15 април, како што првично беше планирано, покажува ажурираната законодавна програма на ЕУ во вторник. Претставник на ЕУ за „Ројтерс“ вели дека предлогот не е напуштен, но дека објавувањето ќе биде одложено поради „тековните геополитички случувања“. Војната меѓу САД и Израел против Иран ги наруши глобалните испораки на нафта и ги зголеми цените. Со предложениот закон, ЕУ целосно ќе престане да увезува руска нафта до крајот на 2027 година.
Share this post: