Струмичка премиера на „Приказна за Силјан“ на Тамара Котевска
2026-03-04 - 10:57
Во четврток, на петти март во 20 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ќе биде прикажан документарниот филм „Приказна за Силјан“ на режисерката Тамара Котевска. Филмот ја раскажува приказната за Никола, земјоделец од Македонија кој, поради новите економски околности, останува без можност да ја продаде својата земја и своите производи. Додека неговото семејство заминува во странство во потрага по подобар живот, Никола прифаќа работа како чувар на депонија. Таму пронаоѓа повреден бел штрк, кого го нарекува Силјан. Грижата за птицата прераснува во тивка, но силна врска што станува симбол на надеж, истрајност и припадност. Во филмот настапуваат: Билети по цена од 250 денари се достапни на билетарницата на НУЦК „Антон Панов“ (секој работен ден од 13.00 до 20.00 ч) и онлајн.