TheNorthmacedoniaTime

УХМР: Од ноќеска пообилни врнежи од дожд

2026-01-25 - 21:08

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавува дека под влијание на циклонска активност во текот на ноќта и утре ќе има врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 30л/м2) проследени со ретки грмежи. На планините пак, врнежи ќе бидат од снег. Во вторник претпладне сè уште во источните делови ќе има слаби врнежи од дожд во пониските и дожд и снег на повисоките места и на планините. Попладне времето ќе се стабилизира, а во среда кон крајот на денот и во четврток, повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег“, информираат од УХМР. За во Скопје, најавено е дека утре, почнувајќи од утринските часови, ќе има повремени врнежи од дожд, што попладне и во текот на ноќта ќе бидат пообилни.

Share this post: