САД потврдија: Испраќаме елитни копнени сили на Блискиот Исток
2026-03-25 - 18:23
Соединетите Американски Држави потврдија дека испраќаат копнени сили на Блискиот Исток, откако Иран го отфрли мировниот план на претседателот Доналд Трамп, пишува „Индепендент“. Пентагон потврди дека во регионот ќе бидат упатени делови од 82-та елитна воздушно-десантна дивизија, логистички и сили за поддршка, како и 1-та борбена бригада. Потврдата доаѓа, откако иранските официјални претставници објавија дека го добиле предлогот на САД за крај на војната кој го оценија како неприфатлив. Еден од нив за „Ројтерс“ рече дека првипчните впечатоци „не се позитивни“, додавајќи дека почетниот одговор на Техеран за Вашингтон бил проследен преку пакистанските посредници. Според пакистански претставници, кои учествуваат во процесот како посредници, американскиот предлог вклучува ублажување на санкциите за Иран, цивилна нуклеарна соработка, нови ограничувања на иранската нуклеарна програма и повторно отворање на Ормускиот теснец.