Кузеска: Постои Платформа за рушење на СДСМ од внатре осмислена од ВМРО
2026-03-18 - 11:45
Постои Платформа за рушење на СДСМ осмислена од ВМРО, фатени во криминални скандали и без резултати, повторно се обидуваат да го рушат СДСМ од внатре, изјави денеска портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Таа посочи дека по разоткривањето на бизнис мрежата на Мицкоски во енергетиката, од Адамовиќ до „Руднап“, следува координиран обид за дефокус и рушење на СДСМ од внатре. „Фатени во криминални скандали, без никаков резултат зад себе, на ВМРО-ОКГ не им останува ништо друго освен да пробаат да ја рушат СДСМ. Последните анкети направени од самата ВМРО покажуваат дека власта има голем пад на поддршката а има раст на рејтингот на СДСМ. Затоа ова се случува. Затоа и постои така наречената ‘Платформа’ – тоа е ‘Платформа за рушење на СДСМ од внатре’, осмислена од страна на ВМРО“, рече Кузеска. Таа порача дека овие обиди нема да успеат.