Мртов човек пронајден во шахта во гостиварско
2026-01-31 - 12:48
С.Р. од гостиварското село Дебреше вчера попладне пријавил дека во шахта го пронашол починат неговиот вујко. -С.Р. пријавил дека во шахта лоцирана во куќата на неговиот братучед го пронашол починат неговиот вујко А.Џ.(75). Извршен бил увид на местото на настанот од страна на јавен обвинител и криминалистичка полиција од Гостивар, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи. По наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.
Share this post: