Иран му дозволи на пакистански танкер за нафта да помине низ Ормускиот Теснец
2026-03-18 - 18:13
Иран му дозволил на пакистански танкер за нафта да помине низ Ормускиот Теснец. Ова е првиот танкер што носи нафта од Емиратите што поминува низ теснецот од почетокот на израелско-американската војна против Иран. Ваквата иранска одлука е резултат на преговорите меѓу Техеран и Исламабад. Трамп „ги моли“ сојузниците да помогнат во деблокирање на Ормутскиот Теснец Корисниците на социјалните мрежи забележаа дека пакистанскиот танкер за нафта ја избегнал вообичаената рута низ средината на теснецот и наместо тоа пловел низ иранските територијални води. Рутата што ја поминал овој танкер за нафта сугерира дека Иран навистина минирал барем дел од Ормускиот Теснец, но не и своите територијални води.
Share this post: