Дебата во „Јуроп хаус“ за правата на жените „Кој ја плаќа сметката? Цената на нееднаквоста“
2026-03-09 - 09:26
Заменик амбасадорот на ЕУ Бен Нупнау во просториите на Јуроп Хаус во Скопје денеска напладне ќе го означи почетокот на низа панел дискусии за правата на жените кои ќе се одржуваат во текот на целата година – почнувајќи со Меѓународниот ден на жената и завршувајќи со Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените. Со фокус на прашањето „Кој ја плаќа сметката? Цената на нееднаквоста“, првата панел дискусија ќе се фокусира на економските и социјалните проблеми со кои се соочуваат жените денес. Целта на панел дискусијата е двојна -да се прослават социјалните, економските, културните и политичките достигнувања на жените во Македонија и пошироко, и да се слушнат различни перспективи – од граѓанското општество, академијата, претприемништвото, како и владата.