TheNorthmacedoniaTime

Законот за високото образование в понеделник со сите прифатени забелешки повторно на ЕНЕР

2026-03-26 - 12:03

Законот за високото образование в понеделник повторно ќе биде поставен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) со сите забелешки што се прифатени за време на јавните дебати или доставени по електронски пат и по неколку дена ќе биде проследен во владина процедура. В понеделник повторно ќе биде поставен на ЕНЕР, два-три дена, за да се видат измените што се направени и веднаш потоа ќе оди во владина процедура. Многу забелешки прифативме, сè што сметавме дека е конструктивно, некаде каде што сме направиле некој пропуст, без одглед дали е номотехнички или малку посуштински. Законот е работен долго време, консултирани се многу експерти и многу други закони. Сметам дека финалната верзија ги почитува европските барања за подобрување на квалитетот во високото образование, истакна Јаневска одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на регионалната конференција за високо образование која денеска и утре се одржува во Скопје под покровителство на МОН. Меѓу забелешките што се прифатени и ќе станат дел од законот се: еден труд помалку како критериум за магистериум и за докторат, објавување трудови во базата Scopus за хуманистичките и општествените науки, намален процентот на банкарската гаранција за приватните универзитети, нови критериуми за изведување трет циклус студии според барањата од универзитетите итн. Ќе се промени системот со двајца-тројца студенти на една студиска програма, кажа министерката Јаневска Предлог-законот за високо образование од крајот на јануари беше еден месец на ЕНЕР, заедно со предлозите за закон за квалитет на високото образование и за научноистражувачка дејност, а МОН дополнително креираше и посебни е-адреси за сугестии и забелешки. Добитниците на „Инженерски прстен“ или оние кои се прогласени за најдобри студенти на Универзитетот ќе имаат предност при вработувањето на државните универзитети како наставно-научен кадар

Share this post: