Русија ќе гради нуклеарна централа во Виетнам
2026-03-27 - 07:23
Русија и Виетнам потпишаа меѓувладин договор за соработка во изградбата на првата нуклеарна централа во земјата. Рускиот премиер, Михаил Мишустин, ги финаизир разговорите со виетнамскиот премиер Фам Мин Тин. Мишустин истакна дека изградбата на нуклеарна централа во Виетнам ќе биде моќен поттик за развој на билатералната соработка во областа на високите технологии, како и фундаменталните и применетите научни истражувања. Од руска страна, договорот го потпишаа директорот на Росатом Алексеј Лихачев, а од виетнамска страна, раководителот на канцеларијата на виетнамската влада Тран Ван Сон.
Share this post: