Именуван нов командант на Револуционерната гарда во Иран
2026-03-01 - 10:57
Иранскиот корпус на Револуционерната гарда (ИРГЦ) именуваше нов главен командант, Ахмад Вахиди, јави Би-Би-Си. Претходниот командант, генерал Мохамед Пакпур, беше убиен во вчерашните израелско-американски напади врз Иран. ИРГЦ е главна воена, политичка и економска сила во Иран и е одвоена од редовната армија на земјата. Ахмад Вахиди претходно бил министер за внатрешни работи и министер за одбрана.
Share this post: