СДСМ и Филипче не ја негираат соработката со Башановиќ
2026-03-24 - 13:04
СДС и Филипче 5 дена не ја негираат соработката со Башановиќ и Милјан Шчекиќ.Или да се изразиме подиректно, Башановиќ и Милјан Шчекиќ, преку официјалниот меил на СДС, не ја демантираат соработката со СДС,велат во ВМРО-ДПМНЕ. Кој е Зоран Башановиќ: Советник на Заев за 1.500 евра месечно, поранешен партнер на фолк пејачката Драгана Мирковиќ СДС, Венко Филипче, Зоран Башановиќ и Милјан Шчекиќ молчат, а со нивниот молк само ги потврдуваат нашите тези за нивната соработка.Фалименто соопштенијата, неоснованите прес-конференции и клеветничките говори на СДС и на Филипче се доказ дека ПР тимот на СДС не им носи успех, туку само тонат се повеќе и повеќе. Лошите ПР лекции кои Башановиќ и Шчекиќ им ги даваат на СДС и Филипче, ги прави да бидат неконкурентни на политичката сцена и ги прави да бидат неконструктивна опозиција. Со ваквиот однос СДС ќе стане партија со под 100.000 гласови, а Венко Филипче ќе биде запаметен како човекот кој ја уништил СДС