TheNorthmacedoniaTime

Пијан возач од Гевгелија удрил во споменик

2026-03-10 - 08:57

Полицијата уапси пијан возач од Гевгелија кој направил хаос во сообраќајот. Не застанал на знак од полицијата, удрил во споменик, а возел и со туѓи регистарски таблици. На 09.03.2026 во 21:25 часот во село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишија од слобода И.Д.(43) од Гевгелија. Претходно, околу 21:00 часот во село Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица дале знак за запирање на патничко возило „алфа ромео“ со валандовски регистарски ознаки, кое го управувал, но тој не застанал со возилото и веднаш потоа изгубил контрола и со возилото удрил во споменик во центарот на селото, информираа од полицијата. Притоа, тој се здобил со повреди и му била укажана лекарска помош од екипа на Итна медицинска помош Гевгелија. Полицијата, по преземени мерки констатирала дека го управувал возилото со 2,35 промили алкохол во крвта и дека регистарските таблички припаѓале на друго возило. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share this post: