Војната на Блискиот Исток ќе ја одложи и „Финалисима“
2026-03-02 - 11:27
Одржувањето на „Финалисима“ меѓу Аргентина и Шпанија е доведено во прашање поради конфликтот на Блскиот Исток. Натпреварот е закажан за 27 март во Катар. „Финалисима“ е натпреварот помеѓу победниците на Копа Америка и Европското првенство. Во последните изданија на двете континентални натпреварувања трофеите ги освоија Аргентина и Шпанија. Неизвесноста доаѓа поради ситуацијата во Катар, една од земјите од Персискиот Залив каде што се сместени американски бази кои моментално се цел на Иран како одмазда за нападите на САД и Израел. ФИФА тврди дека сè уште не е донесена никаква одлука, освен најавата на Катар за привремено прекинување на сите спортски настани. Конечната одлука за Финалисима ќе биде објавена во наредните денови