Силни борби помеѓу Хезболах и израелските сили во јужен Либан
2026-03-16 - 20:57
Либанската Национална новинска агенција (ННА) извести за жестоки судири помеѓу Хезболах и израелските сили во јужниот дел на Либан. Судирите се случуваат во оската Одаисе – Тејбе, како и во погранични градови Јарун и Марун ал Рас. Непријателот неуспешно се обидува да навлезе на либанска територија под баражен оган и пукање“, објави ННА. Претходно, Израел соопшти дека продолжува со нападите врз Либан, но оти е отворен и за евентуални преговори со либанската влада. Амбасадорот на Израел во Обединети нации, Дени Данон истакна дека преговорите се ефикасни „само кога ќе ги ослабите можностите на вашиот непријател“.
Share this post: