TheNorthmacedoniaTime

Москва: ЕУ е „последна во редот“ за руските енергенси

2026-03-23 - 11:24

Специјалниот претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странство и директор на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев, изјави дека Европската Унија се наоѓа „на крајот од редот“ кога станува збор за руските енергенти. ЕУ е на крајот од редот, напиша Дмитриев на платформата „Икс“. Тој изјави дека има јасна претстава за сценариото по кое ќе се развива енергетската криза во Европската Унија и Велика Британија, одговарајќи на коментар на корисник на социјалната мрежа. Имам. Традиционалните медиуми спречуваат многумина да ја видат вистинската слика, промовирајќи лажни наративи кои го замаглуваат размислувањето. Многу погрешни одлуки се носат врз основа на такви наративи и неможноста да се исправат грешките, напиша Дмитриев. Тој во саботата оцени дека Европската Унија и Велика Британија во наредните две до три недели може да се соочат со криза поврзана со снабдувањето со гориво.(МИА)

Share this post: