TheNorthmacedoniaTime

СДСМ и Венко Филипче молчат и не ја демантираат соработката со Зоран Башановиќ и Милјан Шчекиќ

2026-03-25 - 08:54

СДС и Венко Филипче шест дена кукавички молчат и не ја демантираат соработката со Зоран Башановиќ и Милјан Шчекиќ.Молкот на СДС не е ништо друго освен директна потврда дека врските постојат. Наместо да излезат пред јавноста и јасно да одговорат, тие се кријат зад демагогија и евтини манипулации, велат од ВМРО-ДПМНЕ. СДС е заглавена во погрешни и промашени ПР стратегии диктирани од странски советници, Башановиќ и Шчекиќ ги водат СДС директно на дното без автентична политика и јасни ставови, СДС се тотално без концепт и отуѓени од народот. ПР стратегијата што ја следат, под влијание на Башановиќ и Шчекиќ, не само што е промашена, туку ја турка партијата кон политички амбис. Наместо да понудат визија и решенија, тие се занимаваат со интриги и дезинформации. СДС нема капацитет, ниту визија за општествените случувања, само клевети и напади преку неосновани прес-конференции. СДС со неодговорното и недостоинствено однесување, ќе доживее дебакл, а Венко Филипче ќе остане запаметен како симбол на неуспехот и распадот на партијата. Молкот од СДС е најгласното признание дека немаат аргументи, концепт и идеи за развој на државата.

Share this post: