TheNorthmacedoniaTime

Куманово противник на МЗТ Скопје во финалето на кошаркарскиот куп

2026-02-14 - 21:12

Домаќинот на турнирот, Куманово ќе му биде противник на МЗТ Скопје Аеродром во финалето на купот „Благоја Георгиевски-Буштур“. Ова е епилогот по вечерашниот втор полуфинален натпревар, во кој Куманово го победи ТФТ со 87:79. Кумановци во неизвесен натпревар и со голема поддршка од своите навивачи ја исполнија целта. Најефикасни во победничкиот тим беа Николиќ со 31 поен (7/9 за три поени), пет асистенции и пет скока, Луковиќ со 17 поени (и осум скока), Стевановиќ 11 поени (седум скока и две додавања) и Ѓуроски 10 поени (и две асистенции). Во поразената екипа двоцифрени беа Дејвис со 24 поени (четири скока и исто толку асистенции), Гордон имаше 15, Ташовски 14 поени (пет скока и две асистенции), Стојаноски 11 поени (и три скока). Финалето на 34. финален турнир од националниот куп е утревечер со почеток во 19 часот.

Share this post: