TheNorthmacedoniaTime

Македонскиот КИЦ во Загреб ја почна годината со хрватска премиера на „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска

2026-01-29 - 10:24

Ни претставува вистинско задоволство што македонскиот КИЦ годината ја започна со кино-премиерата во Хрватска на македонскиот документарен филм, „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска, која на сите ни е позната по нејзиното претходно филмско остварување „Медена земја“, за кое беше номинирана за најпрестижната филмска награда – Оскар, велат од Македонскиот КИЦ во Загреб. Изразуваме благодарност за поканата од страна на хрватскиот дистрибутер #Рестарт и #VolimDokumentarce, македонскиот КИЦ во Загреб да биде еден од партнерите на кино-премиерата и дистрибуцијата во Хрватска на „Приказната за Силјан“ кој што својата премиера ја имаше на престижниот Меѓународен филмски фестивал во Венеција и е добитник на повеќе награди на меѓународни фестивали. Македонскиот КИЦ во Загреб преку вакви соработки, не само што ги шири хоризонтите на регионалната културна сцена, туку доследно и достоинствено ја презентира македонската култура, филм и авторство надвор од националните граници, градејќи мостови на разбирање, дијалог и културна размена, во насока на промоција на македонските и хрватските културни вредности

Share this post: