TheNorthmacedoniaTime

Пита со сирење и готови кори

2026-02-20 - 09:46

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл): 500 г кори за пита За прелив: 3 јајца 1 лажичка сол 1 чаша масло 1 чаша јогурт 3 полни лажици брашно 1 кесичка прашок за печиво За фил: 500 г свежо сирење 2 јајца 1 лажичка сол или по вкус ПОСТАПКА: Во подлабок сад измешајте јајца, сол, масло, јогурт, брашно и прашок за печиво. Во другиот сад измешајте го сирењето со јајцата и посолете по вкус. 5 кори премачкјате ги со преливот и наредете ги една врз друга. На едниот крај распоредете 1/3 од филот со сирење и свиткајте во ролат. Ролатите ставете ги во намастен плех и премачкјате ги со остатокот од преливот. По желба посипете ги со сусам и печете ги 30 минути во загреана рерна на 200 степени

Share this post: