TheNorthmacedoniaTime

Вајц: Уставните измени се услов за ЕУ и не се предмет на преговори

2026-03-06 - 11:27

Известувачот на Европскиот парламент, Томас Вајц, го повтори познатиот став на сите претставници на ЕУ дека уставните измени се неопходни за да продолжи процесот на пристапување на Македонија кон ЕУ. Тој уште додаде дека уставните измени не се предмет за некакво одново преговарање. „Уставните промени се услов за започнување на вистински преговори за пристапување. Почитувањето на малцинствата и заедниците е фундаментален елемент за секоја земја што сака да стане членка на ЕУ. Во оваа смисла, ова е многу важна тема. Гледам дека не се очекуваат избори во Северна Македонија следната година. Мислам дека ова ни дава можност да видиме одреден напредок. Се надевам дека ќе видиме напредок бидејќи ова е основен услов и додека не се спроведат овие уставни промени, за жал не можеме да започнеме ефикасни преговори за пристапување. Ова е многу јасно. Ова се заклучоците на Советот и ова е дел од барањата што Северна Македонија мора да ги исполни Имам многу јасна комуникација со владата на Северна Македонија дека овој услов мора да се исполни и дека не е предмет на преговори“. изјавува Вајц. Тој вели дека почнале преговорите за усогласување на текстот на извештајот за македонија на Европскиот парламент и процесот на амандмани. „Имам ограничување за бројот на зборови што можам да ги вклучам во првиот нацрт. Првиот нацрт и неговата должина се утврдени со правилата овде во Европскиот парламент. Сега сите членови и сите известувачи во сенка се поканети да ги предложат своите амандмани. Овој процес на преговори токму започна и ќе продолжи, претпоставувам, до мај“, вели Вајц.

Share this post: