TheNorthmacedoniaTime

Груби ќе одговара за милионскиот криминал

2026-02-24 - 08:16

По повеќе од година дена поминати во бегство на граничниот премин Блаце е приведен поранешниот вицепремиер во коалицијата на СДС и ДУИ, Артан Груби.Поранешниот вицепремиер Артан Груби се поврзува со сериозен криминал и корупција во периодот на владеење на СДС и ДУИ,објасни ВМРО-ДПМНЕ. Осомничен е за проневера во службата за случајот со државна лотарија. Штетата на државата од неговите постапки е над 8 милиони евра со индиции сумата да биде и значително повисока.Во јавноста беа изнесени сомнежи дека заедно со тогашниот директор на Државна лотарија, Бајрами, биле спроведувани спорни тендерски постапки и исплаќани аванси кон деловни партнери. СДС знаеле за криминалот на Груби и молчеле и не реагирале. СДС за да опстане ден повеќе на власт ги толерирале злоупотребите кои се случувале во Лотарија под раководство на Бајрами, а под покровителство на Груби тоа го потврди и извештајот на ДЗР. Дали треба да постоиме како држава? Aртан Груби пуштен во куќен притвор Јавноста очекува институционална разрешница. Борбата против криминалот и корупцијата е приоритет, а секој што постапувал спротивно на законот ќе мора да одговара согласно правниот поредок.

Share this post: