TheNorthmacedoniaTime

По медиумските објави за неправилности во Центарот за социјални работи, Обвинителството отвори предмет

2026-03-06 - 10:37

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија формираше предмет по допрен глас по информациите објавени во медиумите за констатирани неправилности при извршениот инспекциски надзор во Центарот за социјални работи. „Врз основа на информациите објавени во медиумите за констатирани неправилности при извршениот инспекциски надзор во Центарот за социјални работи, Јавното обвинителство на РСМ оформи предмет по допрен глас и го проследи на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Скопје, кое ќе преземе дејствија на проверки за да испита дали со овие неправилности се исполнети елементи на кривично дело кое се гони по службена должност“, соопштија од обвинителството.

Share this post: