TheNorthmacedoniaTime

Нафтата е „најмал проблем“: Блокадата на Ормутскиот Теснец е катастрофа за многу елементи од глобалниот систем

2026-03-27 - 21:13

Светските медиуми и аналитичари, кога анализираат за последиците што ги има од затворањето на Ормускиот Теснец претежно зборуваат за кризата во снабдувањето со енергенси, односно нафта и природен гас. Сепак, далеку од тоа дека тоа е единствениот проблем. Доколку затворањето на Ормускиот Теснец влијаеше само на цената на барелот нафта и природниот гас, сè ќе беше многу поедноставно. Блокадата на Ормутскиот Теснец негативно влијае на доста други делови од светската економија. Затворен Ормутскиот Теснец – многумина губат, а две земји добиваат 92% од светскиот сулфур се произведува за време на рафинирањето на нафта. Со затворањето на Ормускиот Теснец, не само што се губат 20 милиони барели сурова нафта дневно. Се губат и суровини за производство на сулфурна киселина, една од најмасовно произведените хемиски супстанции на Земјата. Сулфурната киселина е она што се користи за екстракција на бакар и кобалт. Без неа, нема да може да се произведуваат трансформатори, електрични батерии или плочи за сите центри за обработка на податоци на планетата. Продолжената војна на Блискиот Исток би можела да го влоши веќе постоечкиот недостиг на мемориски чипови и уреди за складирање. Според „Блумберг“, прекинот на производството на течен природен гас во Катар во најголемиот енергетски комплекс во светот, доведе до намалување на глобалното производство на хелиум за околу една третина – најважната компонента во производствениот синџир. ФЗО предупредува: Болниците да ги проверат резервите на хелиум Доколку прекините траат повеќе од неколку недели, недостатокот на хелиум ќе ги принуди производителите на чипови да пренасочат уште поголем капацитет за производство на меморија за вештачка интелигенција, што ќе го влоши веќе сериозниот недостиг на разни видови меморија, коментир „Блумберг“. Главни увозници се Кина, Јапонија и Јужна Кореја, каде што е концентрирано светското производство на чипови. Катар снабдува 30% од течниот природен гас на Тајван преку Ормутскиот Теснец. Тајванската компанија ТСМЦ, која произведува 90% од модерните чипови во светот, троши 8,9% од вкупната електрична енергија на Тајван. Нема гас – нема електрична енергија – нема чипови. Војната против Иран ги надминува сите: Ова се најголемите енергетски кризи во историјата Петрохемикалии Нафтата е попрофитабилна за преработка директно на полињата – затоа е развиена голема петрохемиска индустрија во регионот. Полиетиленот и полипропиленот се основа на повеќето пластики: од амбалажа за широка потрошувачка до автокомпоненти и медицински производи. Етилен гликолот, пак, се користи во производството на синтетички ткаенини, пластични шишиња и течности за ладење. Главни купувачи се Кина, Индија и ЕУ. Кина троши речиси половина од извезениот полиетилен од Персискиот Залив. Храна 33% од светските суровини за производство на азотни ѓубрива минуваат низ истиот Теснец. Војната на Блискиот Исток е сериозен притисок врз пазарот на ѓубрива во светот пред сезоната на садење Половина од светската популација преживува благодарение на синтетичкиот азот произведен од природен гас. По затворањето на Ормутскиот Теснец, околу седум милиони тони алуминиум од Катар и Бахреин се под закана, што е девет проценти од светската понуда. Алуминиумот е потребен за производство на автомобили и сите други превозни средства, автокомпоненти, во градежништвото, па дури и во сончевата енергија. Овој метал е важен за производство на електроника и електротехника, како и за пакување. Глобалните цени на алуминиумот скокнаа на највисоко ниво од 2022 година Не е изненадувачки што компаниите почнаа да ги празнат своите залихи од металот за да ја компензираат недостапноста на залихите од Блискиот Исток. Европската Унија, која купува арапски производи, исто така е доста погодена. Се ова знаи дека под удар се: Сулфур, хелиум, полупроводници, мемориски чипови, храна, алуминиум. И се тоа порди затворањето на еден Теснец, широк 39 километри.

Share this post: