TheNorthmacedoniaTime

Честитка од претседателот на Собранието, Гаши по повод Денот на учителот и албанското училиште

2026-03-07 - 08:57

По повод 7 Март – Денот на учителот и албанското училиште, изразувам најдлабока почит и благодарност до сите наставници кои, со посветеност и високо чувство на одговорност, имаат незаменлива улога во образованието и формирањето на младите генерации, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот на Собранието, Африм Гаши. Овој ден не го симболизира само почетокот на едно важно поглавје во историјата на албанското образование, туку претставува и признание за благородната мисија на учителот, кој преку знаење, воспитување и личен пример придонесува за изградба на поразвиено, поправедно и посовесно општество. Училиштето и наставниците отсекогаш биле важни столбови во зачувувањето на јазикот, идентитетот и културата, всадувајќи кај младите генерации љубов кон знаењето, граѓанска одговорност и демократски вредности. Затоа, во име на Собранието и во мое лично име, ја изразувам мојата благодарност и почит кон сите просветители и вработени во образованието за нивниот драгоцен придонес во обликувањето на иднината на земјата, а воедно ја потврдувам и нашата посветеност за континуирана поддршка на образовниот процес. Срдечни честитки по повод 7 Март – Денот на учителот и албанското училиште!, се вели во честитката на Гаши.

Share this post: