Девојката која падна од тераса во Тетово била малтретирана од нејзиниот татко
2026-03-17 - 14:03
Девојката која пред неколку дена падна од тераса од куќа во Тетово, била физички и психички малтретирана од нејзиниот татко, соопштија денеска во Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера таткото на 19 годишната девојка сам се пријавил во СВР Тетово и со него бил извршен службен разговор. Постапувајќи во врска со настанот од 14 март во кој девојката падна од балкон од куќата на нејзиниот дедо и која беше пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници дошле до сознанија, односно било констатирано дека девојката била психички и физички малтретирана од нејзиниот татко А.А.“, велат во МВР. Оттаму информираат дека по насока од јавен обвинител А.А. бил пуштен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.