СДСМ знае само за патлиџан дипломатија
2026-03-03 - 09:28
Тоа што геополитичките интереси на големите геополитички актери во даден момент се поклопиле со државните интереси на Македонија нема никаква врска со „државничка“ политика на СДС.Бидејќи СДС-сервилна од дипломатија и меѓународни односи знае само за патлиџан дипломатија,oбвини ВМРО-ДПМНЕ СДС сервилна знае само да ги распродава државните и национални интереси на меѓународен план и екипата на Бујар Османи, Маричиќ, Ковачевски нема држава, настан или организација каде не ја понижија Македонија со сервилната и погубната дипломатија која ја водеа. Руските играчи на македонската политичка сцена се СДС Заев и Филипче. Доказ за тоа е скандалот со доделување државјанство на рускиот државјанин Онишченко осуден за корупција и перење пари во Украина. Надворешната политика што ја водеше СДС беше обележана со сервилност и отстапки на штета на државните и националните интереси. Наместо цврста и достоинствена дипломатија, граѓаните беа сведоци на политики предавнички и недоволна заштита на националните позиции и интереси. Државата заслужува стратегија што ќе се темели на јасно дефинирани национални интереси, самопочит и партнерства изградени врз взаемна почит, а не на политика на постојани отстапки. Само преку конзистентна, достоинствена и принципиелна дипломатија може да се заштитат долгорочните интереси на Македонија и нејзините граѓани.