Ковачки: Продолжуваме обединети во нови победи за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија
2026-02-06 - 21:38
Одговорноста е голема, но честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ под лидерството на Христијан Мицкоски e огромна. Дадената доверба што ми ја укажа претседателот Мицкоски е обврска кон идејата, кон членовите на партијата и кон Македонија. Благодарен сум за поддршката, за вербата и за можноста заедно да продолжиме по патот на сплотеност, чесна борба и посветена работа“, порачува Драган Ковачки, кој е избран за нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ковачки му се заблагодари на досегашниот генерален секретар Ѓорѓија Сајкоски кој, како што вели, несебично и целосно беше посветен на организацијата. Продолжуваме обединети, со срце и со јасна цел во нови победи за ВМРО-ДПМНЕ и иднина каква што ја заслужува Македонија“, посочи Ковачки во објавата на ФБ.