TheNorthmacedoniaTime

МНР апелира македонските граѓани во Мексико да ја напуштат државата

2026-02-23 - 12:16

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска апелираше со македонските граѓани кои престојуваат во Мексико, поради влошената безбедносна состојба во државата, да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика. Истовремено, министерството препорача да се одложат сите патувања кон Мексико кои не се од итен и неопходен карактер. „Министерството ги става на располагање сите свои капацитети за асистенција на државјаните на Република Северна Македонија, преку 24-часовниот СОС дежурен телефон: +389 75 268 736, електронската адреса: globalsos@mfa.gov.mk, како и преку дежурниот телефонски број на Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во Вашингтон: +1 (202) 758-7798 или на е-маил адресата: washington@mfa.gov.mk“, информираат од МНР и посочуваат дека ќе ја следат состојбата и за сите промени ќе ја информираат јавноста.

Share this post: