TheNorthmacedoniaTime

Сијарто: ЕУ треба веднаш да ја укине забраната за увоз на руска нафта и гас

2026-03-09 - 13:27

Унгарската влада ќе ѝ предложи на Европската Унија веднаш да ја укине забраната за употреба на руска нафта и гас во сите земји од ЕУ со цел да се спречи недостиг на енергија и нагло зголемување на цените поради војната на Блискиот Исток, изјави денес министерот за надворешни работи Петер Сијарто по вонредните состаноци на Советот за одбрана и енергетска безбедност. Во моментната ситација ЕУ мора веднаш да преземе мерки. Да се спречи наглиот раст на цените, забраната за увоз на руските енересни во сите региони во Европа мора да биде веднаш укината, рече Петер Сијарто, пренесува „Тасс“. Сијарто нагласи дека ако Брисел не ја укине забраната за увоз на руска нафта и гас, тогаш ќе нанесе исклучително висок удар на европсакта економија, бидејќи цените на енергенсите растата. Ескалацијата на судирите на Блискиопт Исток доведоа до затворање на Ормутскиот теснец, преку кој се транспортираат 33 отсто од светските поморски пратки на надта и 20 отсто од течниот природен гас, посочи Сијарто.

Share this post: