Нашата Јана Атанасовска не ја заврши првата трка во велеслаломот
2026-02-15 - 11:30
Македонската скијачка Јана Атанасовска, не успеа да ја заврши првата трка во велеслалом на Зимските олимписки игри 2026. Атанасовска на патеката на денешната трка мина само триесетина секунди и не успеа да се избори за втората трка. Атанасовска во првото мерење имаше заостанување од водечката 1,45 секунди зад водечката, на втората контролна станица негативата изнесуваше 2,97, а пота се откажа. Следен настап на Атанасовска на Олимпијадата во Италија ќе биде слаломот закажан за 18 февруари. Инаку, водечка по првата велеслаломска трка е Италијанката Федерика Брињоне. Почетокот на втората трка е закажан за 13:30 часот. (МИА)
Share this post: