„Личното е политичко“- Женскиот круг денеска во Култ Културен Центар Охрид
2026-03-22 - 11:44
Женскиот круг во Култ Културен Центар е простор за заедничко мислење и замислување, зборување и слушање, за дружење, но и за поминување време со своите мисли. На првата средба ќе позборуваме за она што нè поместува и движи, но и за она што нè држи во место. За она што нè радува, но и за она што нè нервира — работи што често ги доживуваме како лични, а сепак се дел од пошироки општествени односи. Ќе започнеме со краток вовед за контекстот и историјата на познатиот феминистички слоган „Личното е политичко“, а потоа ќе отвориме разговор за „секојдневните женски работи“ што често се сметаат за приватни или неважни, и за тоа како феминизмот ни помага да ги разбереме овие искуства. Што да очекувате: – запознавање и краток вовед – отворен разговор – простор без обврска да се зборува за сопствените искуства Вовед и разговор: Каи Гладкова Време: 22 март (недела) во 19:00 часот Место: Култ Културен Центар, Охрид