Кошаркарките на ЖКК Гевгелија изборија пласман во Првата лига
2026-03-29 - 17:14
Женската екипа на ЖКК Гевгелија успеа да избори пласман во Првата кошаркарска лига откако попладнево во мајсторката од финалето во Втората лига ја совладаа екипата на ЖКК Струга со 68:44 (34:13). Гевгеличанки во финалната серија остварија триумф од 2-1 во победи. Првиот дуел одигран во Струга го доби истоимената екипа со 72:70, а на реваншот во Гевгелија во средата беше 75:60 за Гевгелија. Екипата на ЖКК Гевгелија оваа година за првпат настапуваше во ова натпреварување и во регуларниот дел од сезоната имаше биланс од 11-1 (победи-порази) и прво освоено место, а во полуфиналето оствари две убедливи победи против Тим Арена од Штип.
Share this post: