Преговорите меѓу Иран и САД ќе се одржат во Женева следната недела, потврди швајцарското ФМНР
2026-02-14 - 18:40
Оман ќе организира разговори меѓу САД и Иран следната недела во Женева, потврди Швајцарското федерално Министерство за надворешни работи. Швајцарија ги поздравува тие преговори и изрази подготвеност да „поддржи секаква иницијатива насочена кон деескалација на тензиите“. Американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер ќе одржат разговори со иранските претставници во вторник во Женева, со посредство на претставници на Оман, јавија претходно американски медиуми повикувајќи се на неименувани претставници.
Share this post: