TheNorthmacedoniaTime

Дигиталната еднаквост во фокус на новата иницијатива на ФИНКИ

2026-03-23 - 08:53

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде домаќин на дводневна програма посветена на дигиталната пристапност и инклузивниот дигитален развој, која ќе се одржи утре и задутре (24 и 25 март) во рамки на проектот WebEmpower. Иницијативата има за цел да ја поттикне националната дискусија за пристапноста на веб-страниците и дигиталните услуги, со фокус на тоа тие да бидат достапни за сите граѓани, вклучително и лицата со попреченост и повозрасните корисници. Утре, на 24 март ќе се одржат тематски работилници за администратори на веб-страници, ИТ професионалци и претставници на организации на лица со попреченост. Централниот настан „Меѓународна тркалезна маса за дигитална пристапност“ е закажан за во среда, 25ти март, со учество на експерти од Белгија, Словенија и Македонија. Проектот WebEmpower е поддржан од Министерството за дигитална трансформација на РСМ, а финансиран од Центарот за меѓународна соработка и развој (CMSR) на Република Словенија, во рамки на програмата Slovenia Aid & Partnerships. Настаните ќе се одржат во просториите на ФИНКИ во Скопје.

Share this post: